По неколку одложувања, мултиплеерот конечно пристигнува во Watch Dogs: Legion

Watch Dogs

Добри вести за сите оние кои едвај чекаа некоја причина повторно да скокнат во виртуелниот London Watch Dogs: Legion. Ubisoft објави дека играта на 4 март конечно ќе го добие долго одложениот кооперативен мултиплеер за најмногу 4 играчи. Покрај бесцелно лутање низ Лондон, горенаведеното ќе вклучи и неколку различни модови.

Првенствено, мисиите веќе биле видени во сингл-плејер, како што се спасување затвореници, хакирање на терминали и слично. Тука е и модот Tactical Ops кој е верзија на рации и вклучува неколку ултра тешки последователни мисии за кои е потребен максимален степен на соработка помеѓу играчите. Постои и мал мод „Spiderbot-Аrena“ каде со оние роботите слични на пајаци се соочувате против другите играчи. Во суштина, високотехнолошка верзија на подземни борби со петли.

ArtStation - Watchdogs: Legion Spiderbot, Magnum Mak Lam Chau
credit: artstation

Реакциите околу горенаведените модови се помешани, бидејќи голем дел сметаат дека истите не се воодушевувачки. Watch Dogs: Legion поседува некои навистина добро дизајнирани мисии кои бараат имагинативен пристап од страна на играчот, но се чини дека искуството не е целосно. Пред се, според многумина, главниот проблем со мултиплеерот лежи во начинот на кој играта ја прилагодува тежината при поголем број играчи.

Во превод, ако ви недостасуваше акција и снимање во сингл-плејер, мултиплеерот пристигнува. Модот доаѓа во форма на бесплатен апдејт, па во најмала рака може да ви послужи како солидно одвлекување внимание додека чекате DLC.