Официјално најавен Xbox Series S, помалиот „брат“ на Series X

Series S

По неколку месеци шпекулации и масивни „протекувања“, Microsoft конечно одлучи официјално да го најави Xbox Series S. Кратко пред официјалната потврда, потенката верзија на XSX протече онлајн заедно со 10 ноември како датум на лансирање и цена од 299 долари. Кога веќе немаше каде да бега, Microsoft одлучи сето тоа да го направи официјално.

Од Microsoft го опишуваат Series S како „next-gen перформанси складирани во најмалиот Xbox некогаш“. Иако не го потврдуваат 10 ноември како датум на објавување, цената од 299 долари е потврдена. За Европа цената се уште не е потврдена, но се очекува да биде околу 250 евра.

https://twitter.com/Xbox/status/1303230071033880576?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1303230071033880576%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.ladbible.com%2Ftechnology%2Fgaming-xbox-series-s-officially-announced-and-its-pretty-cheap-20200908

Постоењето на Xbox Series S беше навестувано веќе некое време. Microsoft се уште ги нема потврдено спецификациите, но еден извештај од минатиот месец сугерираше дека послабата конзола ќе има 7,5GB искористлив RAM, околу 4 терафлопи GPU перформанси и ќе биде лансиран со истиот CPU кој ќе се најде кај Xbox Series X.

За споредба, Xbox Series X ќе пристигне со 16GB RAM и 12 терафлопи GPU перформанси. За „буџетарска“ конзола, Series S сепак има мошне импресивни спецификации, ако се верува на овие информации. Од Microsoft ветија дека наскоро ќе споделат повеќе информации.

Протече и реклама со инфо за Series X

Но, Microsoft денеска се соочи со ново „протекување“, а тоа се однесува на цената и датумот на лансирање на Xbox Series X. Како што можете да видите во прилог, прилично легитимната реклама тврди дека Series X ќе се појави заедно со Series S на 10 ноември, со цена од 499 евра (околу 420 евра).

Со оглед на тоа дека Microsoft го потврди Xbox Series Ѕ мошне брзо по овие „протекувања“, можеме да претпоставиме дека деталите се точни кога станува збор за двете конзоли.

Да се надеваме дека компанијата наскоро ќе соопшти официјално инфо за Series X, а тоа би можело да ги натера во Sony конечно да ја објават цената и датумот на објавување на PS5 исто така.