Откриена е поставата на PlayStation Plus бесплатни игри за септември

PlayStation Plus

Sony официјално ја потврди листата на игри кои ќе бидат дел од PlayStation Plus поставата во септември. Имено, подарок игрите за сите претплатници на PS Plus во септември ќе бидат – Overcooked: All You Can Eat (PS5), Hitman 2 (PS4) и Predator: Hunting Grounds (PS4). За ова се шпекулираше и претходно, но сега истото е и официјално потврдено.

Сите три игри ќе бидат достапни за преземање од страна на претплатниците преку PlayStation Plus од 7 септември до 4 октомври.

Overcooked: All You Can Eat ќе им дојде добро на љубителите на кооперативната забава. Во ова издание пристигнуваат две игри со сите дополнителни содржини.

Hitman 2 се дели во своето стандардно издание, но играта би можела да им биде интересна на сопствениците на PlayStation 5 конзолата кои играта ќе можат да ја заиграат во 60 fps формат.

Најголемо разочарување во понудата секако е Predator: Hunting Grounds. Станува збор за мултиплеер игра која беше прогласена за една од најлошите наслови во 2019 година. Тешко дека девелоперите нешто посериозно поправиле на истата во меѓувреме, па инсталирајте си ја само ако сте многу љубопитни. Во случај да имате некакви големи очекувања, заобиколете ја во широк лак.