Sony ги откри бесплатните игри за PS Plus, изненадување во понудата

PlayStation Plus

Sony официјално откри кои игри ќе им ги подели на претплатниците на PlayStation Plus за месец јули, а како по обичај ќе се доделуваат три игри. Сепак, она што привлече внимание е дека поставата на игрите е различна од она што се најавуваше во текот на вчерашниот ден.

Јуни заврши, а тоа значи дека дојде време за новите игри за месец јули кои во следните денови ќе можат да се набават како дел од претплатата на PlayStation Plus. Претходните информации и нагаѓања се покажаа како делумно точни, па освен A Plague Tale: Innocence која ќе биде наменета за PlayStation 5 корисниците, другите две игри може да се каже дека претставуваат изненадување.

Имено, PS Plus претплатниците ќе ги добијат и Call of Duty: Black Ops IV и WWE 2K Battlegrounds. Инаку, A Plague Tale: Innocence нема да може да се игра на PS4, но затоа преостанатите две игри се наменети токму за оваа конзола.

Игрите ќе можат да си ги додадете на вашиот профил почнувајќи од 6 јули и најдоцна до 2 август, а до следниот вторник имате време во колекцијата да си ги додадете Star Wars Squadrons, Operation Tango и Virtua Fighter 5: Ultimate Showdown кои се дел од јунската понуда.