Откриени најважните детали за новата Battlefield 2042

Battlefield 2042

Во текот на вчерашниот ден официјално се случи големата премиера на новиот Battlefield 2042, а во оваа прилика ги споделуваме сите информации кои засега се познати.

Најпрво, треба да се нагласи дека во понудата ќе бидат неколку изданија. Standard Edition, како што вели и самото име, ќе се состои само од основната Battlefield 2042 игра и истата на PS4, Xbox One и PC платформите ќе чини 59,99 долари, додека на PS5 и Xbox Series X/S ќе биде поскапа за 10 долари. Gold Edition за PC чини 89,99, а за конзолите 99,999 евра. Во овој случај, освен самата игра и раниот пристап до истата, добивате и Year 1 Pass кој пристигнува со четири нови специјалисти (по еден во секоја сезона), четири Battle Pass (еден по сезона) и три Epic Skin Bundles (Blistered Earth, Tempest и Cold Blood).

За крај, тука е и Ultimate Edition, за која PC играчите ќе мораат да издвојат 109,99, односно 119,99 долари колку што ќе чини за конзолите. Ова издание го содржи сето она што го нуди Gold Edition верзијата, но и плус уште неколку додатоци како Midnight Ultimate Bundle (Shadow Stalker Legendary Outfit, Obsidian Legendary Weapon Skin и Onyx Legendary Vehicle Skin), како и дигитален артбук и санудтрак. Секако, преднарачката на било кое издание ви гарантира и неколку pre-order бонуси како што се: ран пристап до отворената бета, Baku ACB-90 нoж, Mr. Chompy Epic Weapon Charm, Landfall Player Card позадина и Old Guard Tag.

Без single-player

Инаку, како што е веќе познато и потврдено, новата Battlefield 2042 нема да има single-player издание, односно кампања, а нема да има ниту battle royale верзија, туку во целост е посветена на мултиплеерот.

Претходно пласираните информации за нов голем конфликт меѓу САД и Русија се покажаа како точни, но целата битка ќе се одвива исклучиво од мултиплеер перспектива, каде не очекуваат седум огромни мапи прилагодени за играње до 128 играчи на новите конзоли и PC (PS4 и Xbox One верзиите се ограничени на 64 играчи). Играта при лансирањето ќе има три главни мултиплеер модови – All Out Warfare, Hazard Zone, додека третиот не е откриен.