
Според најновиот извештај од Digitimes, Sony испорачал 3,4 милиони PS5 конзоли во првите четири недели откако истите станаа достапни на пазарот, што значи дека оваа next-gen конзола е најуспешниот PlayStation во историјата. Се проценува дека компанијата ќе испорача меѓу 16,8 и 18 милиони конзоли во 2021 година, откако производството неодамна беше забрзано.
AMD, кој е задолжен за производството на PS5 специјализираниот 7nm CPU, наводно обезбедил дополнителен производствен капацитет од Taiwan Semidonductor Manufacturing Company, овозможувајќи им на производствените партнери да ги пресретнат барањата за конзолата.
Digitimes: PS5 shipped 3.4 million units in first four weeks, expected to reach up to 18 million units in 2021 https://t.co/gpyi0D7kKz pic.twitter.com/cX54J8JNpM
— Gematsu (@gematsucom) December 29, 2020
Се на се, Sony се надева дека ќе испорача 10 милиони PS5 единици пред следниот март, што е раст од пет до шест милиони единици кои компанијата првично планираше да ги испорача до овој период.
PS5 беше лансиран на глобално ниво минатиот месец, а конзолата има некои ексклузиви како Demon’s Souls и Spider-Man: Miles Morales. И покрај успехот со лансирањето, PlayStation 5 се уште се продава на неколку места, а продавниците не можат да ја следат побарувачката. Во Северна Америка PlayStation Direct продавницата добива нова залиха редовно, но ја распродава експресно. Во Јапонија продавачите не можат да излезат на крај со побарувачката и исклучително ограничената залиха.
Иако приоритетот за достава е ставен на Северна Америка и Европа во ноември и декември, Sony Interactive Entertainment планира да ја зголеми испораката на PS5 единици на азиските пазари по Нова година. Раните извештаи индицираат дека само 200.000 конзоли пристигнале во Јапонија од лансирањето на 12 ноември.
Според индустрискиот аналитичар Серкан Тото, PS5 е најбрзо продаваната конзола на Sony досега, но точните бројки се уште не се објавени, па поради тоа овие податоци треба да се земат со доза на резерва.