Откриени сите детали за отвореното тестирање за Battlefield 2042

Battlefield 2042

Официјално, тестирањето за Battlefield 2042 започнуваат на 6 октомври ако ја нарачате играта пред тој датум, а за сите останати вратите се отвораат на 8 октомври. Бетата ќе трае четири дена, заклучно со 9 октомври. За да поминете повеќе време играјќи, а помалку време симнувајќи ја играта, preload-от ќе биде овозможен на сите платформи од 5 октомври.

Во бетата ќе биде достапен само еден мод – класичниот Conquest. Ќе се игра на една мапа – Orbital. Ќе можете да користите четири оперативци: Webster Mackay, Maria Falck, Pyotr Guskovsky и Wikus Van Daele.

Познати се и хардверските барања за PC верзијата.

Минимални барања:

  • Процесор: Intel Core i5 6600K ili AMD Ryzen 5 3600
  • Графичка: Nvidia GeForce GTX 1050 Ti ili AMD Radeon RX 560
  • Меморија: 8 GB RAM
  • Диск: 100 GB (HDD)
  • Оперативен систем: Windows 10 64-bit

Препорачани барања:

  • Процесор: Intel Core i7 4790 ili AMD Ryzen 7 2700X
  • Графичка: Nvidia GeForce RTX 3060 ili AMD Radeon RX 6600 XT
  • Диск: 100 GB (SSD)
  • Меморија: 16 GB RAM
  • Оперативен систем: Windows 10 64-bit

Инаку, тестирањето требаше да се одржи во септември, но тоа беше поместено заедно со терминот за излегување на играта.