Оваа „All Black“ PS5 конзола е многу подобра од стандардниот модел

All Black

Конзолата Sony PlayStation 5 конечно беше откриена предходниот месец, но нејзиниот бел дизајн и sci-fi облини не ги задоволија очекувањата на сите. Конзолата претрпе многу критики од немилосрдната интернет заедница. Таа со што се не беше споредена, почнувајќи од WALL-E па до Ethernet hub.

PlayStation 5 / Credit: Sony

All Black Edition

Да се надеваме дека Sony, после сите овие критики работи на модел кој ќе дојде во друга боја. А ние како утеха ќе ви претставиме како тоа може да изгледа. Овој All Black модел е креиран од Snoyern и LetsGoDigital и е комплетен секси „ѕвер“. Тие вклучија и црн DualSense контролер, кој изгледа многу подобро од стандардниот модел, по мое мислење.

Видете го следото видео и кажете ни што мислите.

Креаторите многу се потрудиле видеото да изгледа исто како оригиналното видео во кое Sony го претстави PS5. Ова многу лесно може да биде и оригиналниот модел, а јас сигурно не сум единствениот кој мисли дека ова е многу подобар модел од стандардниот.

Сигурно е прашање на време кога Sony ќе претстави ваков модел од PS5, бидејќи црниот модел е секогаш многу популарен избор во техниката. Исто така предходниот месец, потпретседателот на PlayStation UX дизајн – Matt MacLaurin изјави тизер на LinkedIn многу добри спешл-едишн конзоли.

Од кога објасни зошто конзолата е многу подолга од PS4, тој зборуваше за комплетно реновираниот UI на next-gen машината и кажа декам можеме “да очекуваме на уште поубави( и по радикални) спешл-едишн конзоли“ после стандардната верзија.


Не верувам дека „радикални“ е термин кој би се искористил за црн модел, но наскоро можеби ќе дознаеме. Се шпекулира дека Sony ќе одржи уште еден PS5 во август, па да се надеваме дека тогаш ќе дознаеме нешто повеќе.