Overwatch конечно ја добива опцијата cross-play

OverwAtch

Blizzart Entertainment потврди дека наскоро ќе започне тестирање на поддршката за крос-платформска игра во Overwatch.

По повеќегодишни шпекулации за тоа дали Overwatch ќе добие поддршка преку мултиплеер за повеќе платформи или не – одговорот е: ДА! Blizzard штотуку објави дека наскоро ќе започне бета-тест за поддршка на cross-play, со што ќе ги поврзе сите четири платформи на кои може да се игра Overwatch. Играчите на компјутер, PlayStation, Xbox и Switch ќе можат да играат едни со други и / или едни против други.

Overwatch is getting cross-platform play on PC and console - The Verge

Вкрстената игра ќе биде опција и како таква ќе може да се исклучи. Стандардно, играчите на конзолите ќе се спојат со играчи од други конзоли, освен ако не се во тим со компјутерски играчи, во тој случај тие ќе се спојат во мешани натпревари. Секако, натпреварувачките игри ќе имаат посебни правила, така што играчите од конзолите ќе можат да играат само со играчи на други конзоли, и компјутерски играчи со компјутерски плеери.

Поддршката за вкрстена игра не значи дека Overwatch ќе добие можност за вкрстена прогресија, барем не сеуште. Способноста наизменично да се игра играта на повеќе различни платформи со иста сметка ќе биде достапна само подоцна, можеби дури ни оваа година.

Со цел да привлече играчи во Overwatch и да го прослави лансирањето на опцијата за крос-игра, Blizzard ги части сите играчи кои ќе се појават во играта до крајот на 2021 година со една Golden Loot Box.