Пазарот на конзоли генерирал рекордна сума од десетици милијарди долари во 2020

Рекордни 53,9 милијарди долари биле потрошени за конзоли и пропратни услуги во 2020 година.

Минатата година ќе влезе во светската историја. Пандемијата ја зафати планетата пред точно една година, со што многумина беа принудени да останат затворени во своите домови, без преголем избор на активности. Оние кои поседуваа конзоли, ги користеа повеќе од било кога, а оние пак претходно немале, го искористија токму гејмингот за да го пополнат неочекуваното слободно време. Толку многу луѓе одлучиле да купат конзоли во 2020, што рекордна сума на пари била потрошена на пазарот.

Според Gamesindustry.biz, потрошени биле 53,9 милијарди долари. Во оваа сума се вклучени парите кои се потрошени на конзоли, игри и пропратни услуги. Само за пример, во 2019 година биле потрошени 45,2 милијарди долари во истиот сегмент, што значи дека бизнисот пораснал за 19 проценти. Без оглед на тоа дали е пандемија или не, пазарот на конзоли не покажува знаци на успорување. Ampere Analysis предвидува дека ќе има нов раст повторно оваа година и ќе бидат генерирани околу 58,6 милијарди долари.

Одличен успех за Nintendo

И покрај лансирањето на PS5 и Xbox Series X, голема улога во овој раст има и Nintedo. И покрај тоа што се задолжени за 31 проценти удел во сумата од 53,9 милијарди долари, во споредба со 46-те проценти на PlayStation, Nintendo е единствениот од трите големи играчи чиј удел се зголеми. PlayStation претходни имаше 49%, додека уделот на Xbox е 23% во споредба со 24% во 2019.

Иако и залихите на Switch имаа глобален недостиг, тоа не беше ниту дел од она со што се соочија PlayStation и Xbox. Доказ за тоа се и продадените 26 милиони единици во 2020 година. Но, реално е да има помал удел во 2021 година. Иако Switch и неговите игри продолжуваат да се продаваат добро, недостигот на PS5 и XSX конзоли некогаш ќе мора да биде надминат, а во тој случај новите конзоли ќе привлечат далеку поголем интерес.