PC дизајниран специјално за најголемите Microsoft Flight Simulator фанови

Flight

Францускиот огранок на Xbox доделува уникатно дизајнирано компјутерско куќиште за сите фанови на Microsoft Flight Simulator.

Microsoft Flight Simulator овие денови доби ново ажурирање со кое се донесени нови детали за регионите во Франција, Холандија, Белгија и Луксембург. Со тоа, многу поверодостојно се претставени голем број на градби и споменици во овие земји.

Но, самото ажурирање сепак не е најинтересната работа која можевме да ја видиме. Имено, француското одделение на Xbox за промоцијата на Microsoft Flight Simulator направи една соработка со компанијата Aorus и подготвија едно уникатно компјутерско куќиште во облик на млазен мотор. Моторот е „пресечен“ и е рамен од едната страна со цел да се има увид во самото куќиште, овој производ некако делува подеднакво привлечно, но и лудо и ексцентрично.

Во самото куќиште се наоѓаат сериозни компоненти како што се GeForce RTC 3070 графичка картичка и Intel i7-11700K процесор на матична плоча Z590 Aorus Elite AX. Самиот PC се дели во рамки на една наградна игра која со ретвит и коментар #MicrosoftFlightSimulator можете и вие да добиете шанса да го освоите.