PES склучи партнерство со фудбалскиот клуб Наполи

Napoli

Konami успеа да оствари ексклузивните права на италијанскиот фудбалски клуб Наполи, кој ќе биде дел од сите идни игри на eFootball Pro Evolution Soccer, што ја остава FIFA без многу влијателен клуб од италијанската Серија А.
Фантастични вести за сите играчи на PES и љубители на италијанскиот фудбал. Почнувајќи од сезоната 2022/23, PES ќе стане единствената автентична симулација на фудбал што има права на овој клуб. Фановите на FIFA за жал ќе останат без шанса да играат како ФК Наполи.

ФК Наполи е основан во 1904 година во Неапол, во италијанската провинција Кампанија. Наполи беше победник во Серија А двапати, прв пат во сезоната 1986/87 и втор пат во сезоната 1989/90. Покрај тоа, тој го освои Купот на Италија пет пати. Од меѓународните трофеи, Наполи ги освои Купот на УЕФА и Купот Интертеото во сезоната 1988/89.Наполи е деветти најуспешен клуб во историјата на италијанскиот фудбал и најуспешен клуб во јужна Италија.