Петте најдобри потези на професионалната LoL сцена во 2020

LoL

Во текот на сезоната на професионалната LoL сцена во текот на 2020 година, голем број играчи се истакнаа со одлични потези и игри низ најголемите компетитивни региони. Без оглед дали станува збор за домашна или интернационална конкуренција, најталентираните професионалци во League of Legends навистина успеаја да се истакнат.

5. Spica

Во петтиот натпревар од пивоталната плеј-оф серија нешто порано во 2020 година, TSM беа израмнети против Team Liquid во битката за место на LCS Summer Finals. Овој „тим фајт“ кој ќе го видите во прилог ќе го сврти моментумот на целиот меч и одлучи кој тим ќе стигне до финалето. И покрај се, Spica, руки „џанглерот“ на TSM, се издигна со една од најзабележителните игри на годината.

4. Прв пентакил во историјата на Worlds finals

Иако сме виделе голем број пентакилови на LoL Worlds сцената пред 2020, ниту еден играч не успеал да постигне такво нешто во финалето на турнирот. Во вториот меч на годинешното финале, „топ лејнерот“ на Suning, Bin, го обезбеди првиот пентакил во финалињата на Worlds со Fiora, со што Suning успеа да дојде до победа.

3. Chovy vs. Gen.G

Во битка која делуваше дека е загубена, Chovy успеа да направи пресврт во корист на DRX во последен момент против Gen.G. Овој „плеј“ беше клучен пресвртен момент во дуелот меѓу двата тима кои се бореа за првото место во LCK. Ако Gen.G не беа „фатени на препад“ од Chovy, тимот лесно ќе успееше да дојде до победа во тим фајтот. Наместо тоа, Chovy дојде до три лесни убиства со убиствено комбо, што резултираше со победа на DRX.

2. Caps vs Gen.G

Ниту еден плеј не беше поспектакуларен и постилски и помеханички од оној на Caps на Sylas против Gen.G во четвртфиналето од LoL Worlds во 2020. Со помалку од 10 проценти HP, Caps направи храбра одлука да „дајвне“ во фронтлајнот на Gen.G со украденото Ashe улти на Clid. Oд таму, тој успеа да се излечи до речиси полна енергија со уништување на Gen.G со трипл кил и евентуален ас. G2 ќе го искористи овој моментум за на крајот да дојде до метла.

1. ShowMaker

Ова беше година на ShowMaker, и ниту една игра не покажува колку ефикасен DWG мидлејнерот беше за време на LCK Summer Finals како оваа. Откако дајвна во беклајнот и го украде Infernal Drake, ShowMaker сам го егзекутираше џанглерот на DRX, Pyosik. Оттука, тој го растури остатокот на DRX, оставајќи само еден член на противничкиот тим жив. Со повеќе од 3.200 „демиџ“ направен само во тој еден тим фајт, ShowMaker направи речиси повеќе „демиџ“ од било кој во битката заедно.