PlayStation 5 доби PS2 редизајн кој е навистина прекрасен

PS5 PS2

PlayStation 5 е навистина одличен, но пристигнува во само една боја. PS заедницата јасно бара од Sony да понуди некои други стилови и бои за оптимизација на својата конзола. Некои custom дизајни веќе се појавија онлајн, а еден од таквите е PS2 стајлингот за PlayStation 5.

Интересно, целиот дизајн е инспириран од страна на ограничената серија на PlayStation 1 тематизираната PlayStation 4 конзола, која беше лансирана пред шест години со цел да се одбележи 20-годишнината од лансирањето на оригиналната конзола.

Особено интересен е редизајнот на DualSense контролерот кој е направен да се совпаѓа со генералната дизајнерска естетика на PS2.

Како што можете да забележите во галеријата, се забележува и неверојатното внимание посветено на деталите. Конкретно кога станува збор за DualSense контролерот, копчињата во боја повторно се тука.

PlayStation 5 PS2

Меѓутоа, ако се следи традицијата и Sony направи специјален PlayStation 5 дизајн во PS2 стил како што беше случајот со PS4 и PS1, тогаш тоа многу веројатно нема да се случи бидејќи PlayStation 2 својот 30-годишен јубилеј нема да го прослави до 2030, па пред нас е цела декада додека Sony да лансира специјално издание.

Како и да е, Sony во ноември најави дека DualSense контролерите лансирани во повеќе бои ќе бидат достапни во некој период во иднината, но засега нема никакви информации за редизајнирани PS5 конзоли. До тогаш ќе мораме да се задоволиме со овие спектакуларни креации на фановите.