PlayStation 5 DualSense контролерот добива custom изглед во 10 различни бои

DualSense

DualSense контролерот од next-gen конзолата на Sony е вистинско технолошко ремек-дело и многумина се сложни дека всушност станува збор за најдобриот дел од PlayStation 5.

Хаптичкиот фидбек, адаптивните тригери и сите останати „скриени“ карактеристики и трикови се она со што се одликува DualSense контролерот. Next-gen конзолите нудат едно ново ниво на гејминг, но DualSense додава едно дополнително ниво во „претопувањето“ во гејминг светот.

Токму затоа делува тажно што и покрај сите свои карактеристики, контролерот можете да го добиете единствено во црно-бела комбинација. Сите одамна посакуваат Sony да понуди некаков вид на опција за персонализација на PlayStation 5 конзолата, или барем на контролерот.

Но, додека да се случи тоа, нам ни останува да се потпреме на third-party компании кои ќе понудат малку разноликост во нашиот гејмерски живот, барем на одреден период. Компанијата наречена Decor Evolve во моментов нуди DualSense обвивки кои доаѓаат во различни бои. Во моментов, тие нудат 10 различни нијанси од кои можете да изберете – златна, розево златна, сребрена, светло сина, челично сива, портокалова, темно сина, сина, црвена и пурпурна боја.

DualSense

Теоретски, се што треба да направите е да си нарачате обвивка по избор и да си ја замените со постоечката. Проблемот е што Sony веројатно нема да му дозволи на Decor Evolve да го прави ова некое подолго време. Пред само неколку месеци Sony принуди еден друг производител да престане да продава пластични обвивки во различни бои за PlayStation 5 конзолата. Со оглед на тоа дека овој нов потфат доаѓа по кратко време, многу е веројатно дека ќе биде згаснат пред да можеме да си нарачаме нешто.