PlayStation 5 продаден во двојно повеќе количини од Xbox Series X во 2021

PlayStation 5 Xbox

И покрај фактот што речиси никој на светов не може да добие PlayStation 5 во моментов, next-gen конзолата на Sony има одлични продажни перформанси оваа година. Според најновиот извештај, PlayStation 5 успеал да се продаде во над двојно повеќе количини од Xbox Series X во првите три месеци од 2021 година, иако Nintendo Switch има поголема продажба од двата ривали заедно.

Xbox PlayStation

Овие резултати се плод на истражувањата од компанијата за податоци и аналитика Ampere Analysis, која тврди дека Sony продал импресивни 2,83 милиони PlayStation 5 конзоли во првиот квартал од оваа година, а истата компанија открива дека Xbox Series X и Xbox Series S конзолите собрале заедничка бројка од 1,31 милион продадени единици во истиот период.

Nintendo успеал да продаде 5,86 милиони Switch конзоли за време на првиот квартал, што е за 12 проценти повеќе во споредба со првиот квартал во 2020 година.

Треба да се истакне дека Microsoft нема објавено официјални бројки за Xbox Series X/S, иако потврди дека приходот од хардвер е за 232 проценти поголем, благодарение на побарувачката за next-gen конзоли. И Sony и Microsoft очекуваат проблеми со снабдувањето. Sony смета дека недостигот на PlayStation 5 ќе потрае до 2022, додека Microsoft очекува истиот да потрае до јуни 2021 година.