PlayStation 5 конзола направена од 20 килограми полно злато

PlayStation 5 конзола

Компанијата Caviar е позната по своите екстравагантни, луксузни и ексклузивни производи, а најновиот во низата е PlayStation 5 конзола. Мајсторите во Caviar направија PS5 од полно, цврсто злато користејќи 20 килограми од овој скапоцен метал, а благодарение на полигоналната структура, конзолата добива изглед на златна руда.

„Најбрзиот, најмоќниот и најнапреден PlayStation 5 е дефинитивно еден од најдобро продаваните гејминг конзоли. Златарите од Caviar не може да одолеат и да ја пропуштат шансата да направат ваква луксузна и мошне тешка за производство златна верзија на PlayStation 5 конзола“.

„Златниот PS5 ќе биде составен од осум листови, излеани во цврсто злато. За да се создаде, беа искористени околу 20 килограми злато. Ова е вистинско луксузно ремек-дело“.

Од Caviar објаснуваат дека куќиштето на овој ексклузивен гаџет е направен со оригинална јувелирска техника, која додава волумен и текстура на моделот. Инспирацијата за дизајнерите е уникатната геометрија на златната руда и грациозните, прекрасни линии на каменот. Токму затоа конзолата го добива името Golden Rock.

DualSense контролерите исто така си добија свој златен третман, додека дршките се направени од вистинска крокодилска кожа. Caviar ќе направи само една ваква Golden Rock PlayStation 5 конзола, а цената не е објавена на нивниот официјален сајт. Веројатно станува збор за некоја луда сума на пари.

50 килограми злато чини околу 50.000 евра, па тука е цената на самата конзола, специјалистичкиот процес за создавање, па тука е и кутриот крокодил кој умрел за да се „унапреди“ нечие гејминг искуството… Ништо чудно да чини повеќе од 60.000 евра, со што би станала најскапата конзола некогаш направена.