Системскиот PlayStation 5 апдејт го реши еден од најиритантните проблеми на конзолата

Sony PlayStation 5

PlayStation 5 е еден одличен систем кој има многу што да понуди, но како и со секој новолансиран хардвер, не е имун на свои проблеми.

Сопствениците на next-gen конзолата на Sony пријавија низа проблеми од лансирањето, почнувајќи од рандом „крашови“, па со до дрифтинг на DualSense контролерите. Еден од најчестите и најупорни проблеми, сепак се однесува на диск драјвот на PlayStation 5.

Ова не е проблем за оние кои ја имаат дигиталната верзија на конзолата, но оние кои го имаат физичкото издание на PS5 се добро запознаени дека дури и кога дискот е внесен, има навика да работи исклучително бучно на секој час или повеќе. Далеку од тоа дека е којзнае каков проблем, но со оглед на тоа дека конзолата е прилично тивка, ова често знае да биде и напорно за ушите.

Како и да е, добрата вест е дека првиот поголем системски апдејт на PlayStation 5, кој пристигна претходно оваа недела, се чини дека го реши овој проблем. Иако се уште го нема елиминирано звукот во целост, сепак се чини дека е далеку потивок од претходно. Push Square прв посочи на намалената бучава, по што забележаа и сите останати медиуми, но и PS5 корисници кои ги споделија своите искуства на Reddit и останатите социјални мрежи.

Далеку од тоа дека ова беше главната причина за големиот системски апдејт, но дефинитивно е убав бонус за оние кои веќе попуштија со нервите од иритантниот звук.