PlayStation добива нов сервис, пристигнува одговор на Xbox Game Pass

PlayStation Game Pass

Претседателот на PlayStation Џим Рајан во неодамнешното интервју навести дека Sony планира да направи одговор на претплатничката услуга на Microsoft, Xbox Game Pass.

Џим Рајан во интервју за руската агенција Tass откри дека продажбата на новата PlayStation 5 конзола оди одлично и е распродадена на сите пазари. Сепак, малку изненадувачки дел од интервјуто дојде во одговорот на Рајан за прашањето како PlayStation планира да одговори на Xbox Game Pass, претплатничката услуга која во моментов е убедливо најголемата предност која Xbox ја има во однос на PS.

Иако Џим Рајан пред само два месеци изјави дека Sony нема планови да ги дистрибуира своите нови игри преку претплата, сега приказната е можеби поинаква. Рајан тврди дека PlayStation ќе понуди одговор на Game Pass и наскоро ќе има вести за сето тоа.

„Во суштина имаме новости за сето ова, но за тоа нема да зборуваме денес“, изјави Рајан.

Како алтернатива за Game Pass во моментов Рајан се уште ја наведува PlayStation Now услугата, но на прашањето зошто истата не е пошироко достапна за корисниците, Рајан ги наведува логистичките пречки – за секој поддржан пазар PlayStation Now мора да има и сервери во таа земја бидејќи сите игри од таа услуга да мораат да можат да се стримаат, што кај Xbox Game Pass не е нужно.

PlayStation Game Pass

Game Pass најголема предност на Xbox во однос на PlayStation

Sony направи еден делумен одговор на Game Pass со доставувањето на каталог од 20 игри со PS Plus Collection. Меѓутоа, таа понуда е достапна единствено за оние кои имаат PlayStation 5, а добар дел од игрите во таа понуда и онака веќе се делеа преку PlayStation Plus претплатата или е достапен со PlayStation Now.

Она по што Xbox Game Pass во моментов е во предност е тоа дека со претплатата на таа услуга, корисникот добива пристап на некои понови игри. На пример, престојните игри како што се The Medium или Stalker 2 од првиот ден ќе бидат достапни преку Xbox Game Pass. Sony со PlayStation Now услугата се уште доставува нешто постари игри – најновата играна PS Now е четири месеци стара. Понудата на хитови исто така е на страната на Game Pass, преку кој можат да се заиграат игри како Doom Eternal, Star Wars Jedi: Fallen Order или Red Dead Redemption 2, кои не беа на PS Now.