PlayStation ги најави новите бесплатни подароци, можете да ги симнете уште веднаш

PlayStation

Како што беше и ветено, PlayStation ја претстави втората фаза од својата Play At Home иницијатива и потврди нов сет на содржина кој може да се симне за PlayStation 4 и PlayStation 5 конзолите.

Се надеваме дека не го испуштивте она што PlayStation го нудеше како дел од оваа прекрасна иницијатива. Play At Home има за цел да ги охрабри луѓето да останат безбедни, а притоа да се забавуваат во своите домови за време на пандемијата. Досега тоа го правеа со давање на еден куп бесплатни игри за играње.

Во изминатите месеци имавме можност да зграбиме неколку наслови, од хит игри како Ratchet & Clank и Horizon Zero Dawn, па се до инди наслови како Subnautica и Abzu. Се што ви треба е PS4 или PS5 и интернет конекција. Не ви треба PlayStation Plus претплата.

Прозорецот за да си ги земете повеќето овие бесплатни игри помина, но новата фаза од Play At Home ветува уште повеќе бесплатна содржина за сите. Можеби не е возбудливо како ААА наслов од типот на Horizon Zero Dawn, но затоа ќе добиеме еден куп бесплатни DLC и ексклузивни награди за голем број на игри.

Од сега, па се до 7 јуни играчите ќе можат да си ги добијат следниве работи:

– Rocket League – PlayStation Plus Pack
– Brawlhalla – Brawlhalla: Play At Home Pack
– Destruction AllStars – 1.100 Destruction Points
– MLB The Show 21 – 10 The Show пакети
– NBA 2K21 – Play At Home Pack
– Rogue Company – Play At Home Pack
– World of Tanks/World of Warships – Twice the Courage Pack за WoT, Legends Bundle за World of Warships
– Warframe – Starter Bundle
– Call of Duty: Warzone – 5 Double XP токени.

Повеќе детали можете да прочитате на PlayStation Blog.