PlayStation ги сподели најсимнуваните игри за 2020, Call of Duty доминира

PlayStation Call of Duty

PlayStation ја сподели листата на најсимнувани игри во 2020 година, а Call of Duty останува неприкосновен на тронот.

Иако поминаа три недели од новата година, впечатоците за 2020 и понатаму се сумираат. Според сите параметри, тоа ќе биде година која ќе влезе во историјата, пред се поради лоши причини. Сепак, во гејминг индустријата, 2020 се покажа како фантастична година. Луѓето се насочија кон видео игрите повеќе од било кога, особено кога станува збор за мобилниот гејминг, а зад себе остава богатство од наслови кои ќе се играат и во следните години.

Изминатата година речиси да не се издвои некоја игра над останатите, барем не ако се гледа објективно. Но, ако се гледа низ бројките на PlayStation, тогаш Call of Duty е неприкосновен. Имено, Black Ops Cold War е најсимнуваната игра и на PS4 и на PS5. Особено импресивно е кога станува збор за PS4 со оглед на тоа дека играта не беше лансирана дури до ноември! Black Ops Cold War успеа да ја надмине и Modern Warfare која исто така влезе во Топ 5 на PS4, освојувајќи го третото место. Меѓу двете CoD се најде GTA 5.

Доминацијата на Call of Duty на PlayStation се гледа и кај бесплатните игри. Warzone, battle royale придружникот на „кор“ CoD игрите, која беше лансирана во март минатата година е најсимнувана free to play игра за 2020 година на PlayStation. Rocket League, која стана f2p во септември лани, го освои второто место пред Fortnite. Apex Legends и Destiny 2 се најдоа во Топ 10 листата.

Не е изненадување што CoD имаше толку доминантна година на PlayStation во 2020. Меѓу Warzone и Black Ops Cold War, Avtivision посвети огромно внимание на франшизата, а тоа им се врати со приход од 3 милијарди долари меѓу сите CoD игри.