По речиси 14 години, неофицијалната Half Life Lambda Wars доби 1.0 верзија

Lambda Wars

Моравме да чекаме речиси 14 години за неофицијалната Half Life Lambda Wars од концептуална и бета фаза да дојде до 1.0 верзија, иако модификацијата веќе со години им беше достапна на играчите.

Lambda Wars е мод сетиран во легендарниот Half Life универзум, а истиот конечно излезе од бета фазата за и официјално да пристигне како комплетирана верзија на PC по повеќе од 13 години минати во развој. Неофицијалниот проект започна во 2007 година и е бесплатен мод за Alien Swarm на Valve, користејќи го Source Engine како свое јадро.

Девелоперите од Vortal Storm тимот сега ја најавија 1.0 верзијата за Lambda Wars, која веќе е достапна на Steam и тоа бесплатно за сите играчи. Инаку, кога станува збор за самата модификација, треба да се истакне дека истата им овозможува на фановите да учествуваат во ужасната војна на човечкиот Resistance против Combine преку различни гејм модови.

За оние кои не се подобро запознаени, играта беше достапна како самостоен производ на Steam уште од 2014 година. Lambda Wars е традиционална асиметрична real-time стратегија, која нуди full-multiplayer поддршка за до осум луѓе на неколку различни мапи.

Причината поради која се чекаа речиси 14 години за играта да излезе од бета фазата е поради тоа што членовите на Vortal Storm открија дека добиле многу малку донации во изминатиот период за време на развојот, па Lambda Wars е практично проект кој е работен во нивното слободно време.

За жал, по повод излегувањето на 1.0 верзијата на Lambda Warѕ не е подготвен нов трејлер, па видеото кое можете да го видите погоре всушност е постар трејлер, но ќе заврши работа околу прикажувањето на тоа што се случува во играта.