По Steam Deck, претставен е и Stream Deck

Stream Deck

Прилично бизарна случајност се случи минатата недела, но се со цел да не дојде до забуна, одлучивме да и посветиме внимание нешто подоцна, a во главната улога е Stream Deck и неговиот „близнак по име“, Steam Deck.

Имено, компаниите Valve и Elgato во ист ден претставија два тотално различни производи кои во својот назив се разликуваат во само една буква. Како што веќе е познато, Valve минатата недела го претстави својот моќен преносен гејминг PC. Веќе некое време постоеја гласини дека тој уред ќе биде претставен, само се претпоставуваше дека ќе се нарекува SteamPal. Меѓутоа, името на уредот е Steam Deck, а успеа да го украде сето внимание кое го доби и уште еден уред кој беше претставен истиот ден, а го носи името Stream Deck.

Две мошне слични имиња, но два сосема различни уреди. Steam Deck е преносен PC налик на Nintendo Switch конзолата, додека Stream Deck е наменет за, како што сугерира и самото име, за стримерите. Истиот е достапен на пазарот веќе некое време, но сега беше претставен новиот модел.

Двата уреди воопшто не се конкуренција, па така нема да им биде проблем што се најавени во ист ден, а називот им е мошне сличен. Сеедно, ситуацијата на крајот испадна смешна и комична. Од сите можни денови, Elgato и Valve одлучија во ист ден да ги претстават Steam Deck и Stream Deck…