Побрзајте, бесплатно се дели NBA 2K21

Epic Games и Take-Two ја продолжуваат нивната добра соработка, што значи бесплатнo се дели NBA 2K21 за играчи.

NBA 2K21 Review: Not Really an Upgrade - Den of Geek

Ако не ве израдуваа вчера веста дека NBA доаѓа во Fortnite, можеби ќе ве расположи вториот дел од таа приказна. Epic Games очигледно постигнале договор за промовирање на NBA-лигата во Fortnite и за споделување на официјалната игра во НБА-лигата бесплатно на сите корисници на Epic Games Store.

Значи, мистериозната iигра што чекаше на EGS е НБА 2К21 и таа игра може да се добие целосно бесплатно. Имате една недела (до 27 мај до 17 часот) да ја додадете во вашата колекција игри, а после тоа пристигнува уште еден „мистериозен“ подарок. Во спротивно, ако EGS не ви покаже дека играта е бесплатна, рестартирајте го клиентот на EGS.

Причината зошто NBA 2K21 е поделена во моментов веројатно лежи во претстојниот плеј-оф, но и во фактот дека ново издание на играта доаѓа за само 3-4 месеци. Верзијата за компјутер е посиромашна и графички инфериорна верзија на играта во споредба со конзолите PlayStation 5 и Xbox Series X / S. Можете да ја превземете ја NBA 2K21 тука.