Погледнете ги двата нови гејмплеј трејлери за Cyberpunk 2077

Cyberpunk 2077

CD Projekt Red ни даде поглед низ „Ноќниот Град“

CD Projekt Red дебириташе два нови гејмплеј трејлери за многу очекуваната (и неодамна повторно одложената) Cyberpunk 2077 . Во едниот трејлер, „The Gig“ прикажува дел од прологот на играта, во кој гледаме како карактерот V е во кражба на био-чип, со што го започнува остатокот од играта.

Трејлерот исто ни покажува и други аспекти од играта, вклучувајќи ги „Badlands“ – open world регионот и Adam Smasher, и сајборг карактер кои фановите на pen-and-paper RPG можеби ќе го препознаат.

Вториот трејлер ни дава поглед во „braindance“ гејмплејот, каде играчите ги користат футуристичките технологии на Cyberpunk 2077 за да влезат во мемориите на друг карактер, а таму можете слободно да шетате, да анализирате минати евенти и да барате траги или информации кои ви се потребни. Ин-гејм, играчите ќе ги користат „braindance“ секвенците за да ја разоткријат приказната на Cyberpunk 2077 и да ги запознаат подобро карактерите во „Ноќниот град“.

Освен што CD Projekt Red ни даде добар поглед во гејмплејот, тие исто ни најавија нова Cyberpunk 2077 аниме серија која ќе се вика Cyberpunk: Edgerunners, а ќе има премиера на нетфликс во 2022 година. Студиото исто истакна дека ќе сподели повеќе информации со фановите во уште еден стрим за неколку недели.

Cyberpunk 2077 е закажана за премиера на 19 ноември за Xbox One, PlayStation 4, и PC. Но без гајле, тоа што ќе поседуваат Xbox Series X и PlayStation 5 исто ќе можат да ја играат оваа игра со ветување од CD Projekt Red за апдејт со подобар перформанс за тие две конзоли.