Погледнете ги игрите кои ќе излезат заедно со Xbox Series X

Xbox Series X

Мајкрософт официјално потврди дека конзолите Xbox Series X и S ќе бидат пуштени во продажба на 10 ноември оваа година. Помоќната Xbox Series X ќе чини $499,додека помалата Series S ќе чини $299. Познати се првите игри од „следната генерација“, кои ќе го придружуваат лансирањето на самата конзола. Поставата не е баш спектакуларна без Halo Infinite, но Microsoft сепак ќе лансира една од своите игри – што е достапна на компјутер од четвртиот месец.

Значи, постава со една ексклузива која не е сосема нова игра. За среќа, наскоро ќе следат Call of Duty: Black Ops Cold War, Cyberpunk 2077, Immortals: Fenyx Rising, Yakuza: Like Dragon и други. Ексклузивците на Xbox, Medium и Scorn засега не се споменуваат како наслови што ќе може да се играат од првиот ден, но тие сè уште не се одложени за 2021 година.

Исто така, треба да се напомене дека сите игри за конзолата Xbox One ќе работат на конзолите Xbox Series S и X. Затоа – не е дека нема да има материјал за игра. Некои од постарите игри, како Forze Horizon 4 и Gears 5, исто така, ќе добијат апдејти за конзолите од следната генерација.