Погледнете како изгледа ловот на животни во Resident Evil Village

Resident Evil Village

Вечерва треба да дознаеме нови информации за Resident Evil Village, но еве еден преглед пред тој официјален преглед. Магазинот „Game Informer“ ни открива како ќе изгледа системот за надградба на главниот лик и неговото оружје. Исто така, за да се надополни статистиката на ликот, ќе биде потребно да се ловат животни низ селото, што вклучува свињи, кокошки, риби и кози. Но, како што открива следното видео – животните нема да чекаат смирено да ги изедете, затоа добро размислете ако сакате да убиете црн јарец.

Надградбите за карактерот (повеќе енергија, поголем отпор, побрзо трчање) ќе бидат трајни, исто како и за оружјето. За да го надградиме оружјето, ќе треба да собереме валута наречена „леи“, која од непријателите ќе паѓа откако ќе ги победиме. Како и во некои претходни игри на Resident Evil, ќе биде можно да се подобри точноста на оружјето, неговата ефикасност, итн. Исто така, ќе бараме некои вредни предмети во околината што можеме да ги замениме за „леи“, и со тоа ќе можеме да си купиме потрошен материјал, како што се на пример нагазните мини.

Доколку ве интересира какви PC спецификации ќе ви бидат потребни за оваа игра, кликнете овде.