Полициските автомобили се веќе минато во Fortnite

Fortnite

Полициските автомобили очигледно се отстранети како одговор на протестите на Black Lives Matter.

Fortnite сега е зона без полиција. Или барем без нивните автомобили. Fortnite ги oтстрани возилата минатата недела со ажурирање на Chapter 2 Season 3, во повеќето случаи заменувајќи ги со нормални автомобили.

Epic не сакаше да привлече вниманието, па дури и не ја потврди промената . Но според извор на Wall Street Journal нивното отстранување беше одговор на смртта на Џорџ Флојд од рацете на полицијата, како и протестите за Black Lives Matter во целиот свет.

Претходно, Epic го одложи започнувањето на новата сезона, која пристигна на 17 јуни, алудирајќи на протестите. „Треба да го балансираме почетокот на Сезона 3 со времето за тимот да се фокусира на себе, своите семејства и нивните заедници“, се вели во соопштението. Веројатно ова кратко одложување исто така му даде време на Epic да ги отстрани полициските автомобили.

Во Fortnite, барем, отстранувањето на полициските автомобили всушност нема влијание врз играта. Тие се функционално исти како и автомобилите со кои се заменети, што значи дека тие воопшто немаат реална функција. Нивната досегашна функција беше да обезбедат дополнителна заштита за играчите . Функционалните автомобили се уште можат да се најдат на пристаништата .
Се уште не е јасно дали станува збор за привремена или постојана промена, иако се чини дека е малку веројатно дека полициските автомобили ќе бидат меѓу функционалните возила во скоро време.