Поранешните играчи на OG.Seed по различни патишта

OG.Seed

Еден месец подоцна, од кога OG и OG.Seed решија дека ќе ја прекинат соработката, овој ростер најави комплетно распаѓање. Имено, некои од играчите добиле понуди од други тимови.

Оваа вест прв ја изјави капитенот на OG.Seed – Petu “Peksu” Vaatainen, кој напомена дека играчите заеднички ја донеле оваа одлука. Тој исто изјави дека сите се многу благодарни за 8те месеци во кои имаа шанса да растат и да се подобруваат под водството на OG.

Кратка биографија на OG.Seed

OG.Seed беше формиран неколку месеци по завршувањето на The Internation 2019 како втора тим на двојниот TI шампион OG. Уште од креирањето на тимот, тие знаеа дека овие 2 тима нема да можат да учествуваат на следниот International. „Ние сакавме да менторираме друг Dota тим, да го споделиме нашето знаење кое го собравме во сите овие години компетитивно играње, и да им помогнеме да изградат солидна фондација со тоа што ќе им ги пружиме условите потребни за тоа“ кажа OG во нивната официјална изјава. Во почетокот на пролетта, OG:Seed беа финалисти во Dota Summit 12 турнирот, а таму победија тимови како Team Liquid, Cloud9 и Evil Geniuses. Во овој период, тимот изгледаше подобрен и достоен да се натпреварува во тиер 1 сцената. Но, за жал паднемијата на COVID-19 им ги поремети сите планови. Компетитивната сцена стана целосно онлајн и многу од огранизаторите не дозволуваа еден тим да има повеќе од 2 ростери. Почесто отколку не, OG.Seed немаше ни шанса да игра во големите турнири бидејќи OG добиваа директни покани. Тие продолжија да се натпреваруваат во помалите тимови, се додека заеднички не одлучија дека треба да ја запрат соработката со OG со надеж дека овој ростер ќе најде нов дом.

 

Иднината на  ростерот

Во последниот месец, наместо да најдат нов банер под кој ќе можат да играат сите заедно, само некои од играчите добија „подобри понуди“. Нема никакви детали околу тоа кои играчи се или во која организација ќе играат. За сега поранешните OG.Seen играчи го објавија следното на нивните акаунти на солијалните медиуми:

Peksu ќе направи кратка пауза од компетитивната сцена и ќе се обиде да го насочи својот аналитичен ум да стане коментатор или аналитичар во Dota 2 сцената.

 

Zakari “Zfreek” Freedman изјави дека е слободен агент, и е расположен да се врати во Северно Америчката сцена.

Rasmus Johan “Chessie” Blomdin, се спакува и се пресели од Newcastle, UK во Stockholm, Sweden со неговата сакана, и најави нова авантура.

https://www.instagram.com/p/CCUHDSnhL8S/?utm_source=ig_web_copy_link

Andreas “Xibbe” Ragnemalm и Omar “Madara” Dabachach им се заблагодарија на своите поранешни соиграчи и OG, и се надеваат дека повторно ќе се сретнат со нив во тиер 1 сцената.