Потпретседателот на Ubisoft со оставка поради наводна злоупотреба на работното место

Maxim Beland

Креативниот директор на Splinter Cell и Far Cry, Maxim Beland, кој се врати во Ubisoft на почетокот на оваа година, по краткиот период на „Epic Games“, поднесе оставка од компанијата. Неговото заминување следи по обвиненијата од повеќе вработени, споделени преку Твитер, за несоодветно однесување на работното место.

„Maxim Beland, потпретседател на редакцијата, поднесе оставка од својата улога во„ Ubisoft “, која е ефективна веднаш. И покрај неговата оставка, ние продолжуваме да ги испитуваме обвиненијата посочени кон него”, се вели во изјавата на Ubisoft во која се потврдува неговото заминување.

„Дополнително, ефективно од вчера, Tommy François, потпретседател на редакција и креативни услуги, е ставен на дисциплински одмор во очекување на исходот од истрагата. Уште едно лице во нашето студио во Торонто е отпуштено поради учество во однесувања што не се во склоп со она што се очекува од вработените во „Ubisoft“. Во тек се и други истраги кои ќе бидат детално спроведени“.

Едно од најсериозните обвинувања против Beland, детално објавено во деталниот извештај од Котаку, е дека тој давел вработена додека бил на забавата на Ubisoft Торонто за лансирањето на Far Cry 4. Извештајот укажува и на пошироките системски проблеми во студиото, вклучувајќи ја и „културата на забавите“ што понекогаш може да резултира во непријателски услови за вработените од женскиот род.

„Неконтролираната употреба на алкохол и организирање на забави како техника за задржување на вработените, додаде кон – ако не и ја создаде – слободната култура во Ubisoft Торонто околу сексуалното вознемирување“, изјави поранешен вработен во Ubisoft Toronto.

Во извештајот се вели дека повеќе од 100 вработени во Ubisoft Toronto испратиле писмо до раководството на 26 јуни, во кое изразуваат „сериозна загриженост за тековно пријавеното вознемирување и неможност да се чувствуваат безбедно или заштитено во рамките на студиото“. Во писмото не се споменува Beland или некој друг вработен во Ubisoft Торонто по име, но се повикува на зголемена одговорност во случаи на вознемирување и злоупотреба, поголема транспарентност во постапувањето со конкретните поплаки и задолжителна обука за вознемирување за целото раководство.

Неколку дена подоцна, беше оддржана видео-средба, за време на која управниот директор на Ubisoft Toronto, Alexandre Parizeau објави дека двајца вработени се суспендирани, а трет отпуштен, иако не спомна имиња. Неколку дена после тоа, извршниот директор на „Ubisoft“, Yves Guillemot даде јавна изјава во која се обврза дека ќе направи „длабоки“ промени на сите нивоа на организацијата “, со цел да се решат проблемите со сексуално однесување и злоупотреба во компанијата.

Интересно е што, една од првите измени што ги вети Guillemot е реорганизација на редакцијата на Ubisoft, која веќе беше реорганизирана на почетокот на годината со цел носење на нови идеи и поголема диференцијација во игрите. Беланд беше поставен како потпретседател на овој оддел веднаш по неговото враќање во Ubisoft во јануари.