Потврдена е Master League за новата PES, но само ако си платите

eFootball

Некогашниот PES серијал од оваа есен повеќе нема да биде ист. Наместо класичната фудбалска игра од Konami пристигнува бесплатниот eFootball кој по излегувањето ќе има мошне базична постава на модови и тимови. Ќе можат да се играат локални мечеви со неколку лиценцирани екипи и онлајн натпревари. Класичните модови како што се Master League и Become a Legend нема да ги има, барем не оваа година.

Имено, од Konami во разговор за IGN порачаа дека одредени модови дополнително ќе се продаваат како премиум DLC екстензии за eFootball. Но, не открија конкретно за кои модови мислат. Со оглед на тоа дека дел од фановите на PES изразија загриженост за Master League, од Konami сега потврдија дека токму тој мод ќе биде еден од оние кои во иднина ќе се продаваат. За Become a Legend ништо не се споменува, но се говори за модови во множина, така што Master League нема да биде единствен.