Случајно потврдена поевтината верзија на Xbox Series X

Xbox

Xbox Series S најверојатно ќе биде називот на поевтината и нешто послабата next-gen конзола на Microsoft, а овие информации се практично потвдени од протечените фотки од новиот Xbox контролер.

Xbox Lockhart е кодниот назив за поевтината netx-gen конзола на Xbox, за која се шпекулира веќе некое време. Оваа послаба и поевтина верзија на долгоочекуваниот Xbox Series X во моментов не е официјално најавен, но ако се суди по штотуку протечените фотки, истата би требало да го носи името Xbox Series S.

Имено, новиот контролер дизајниран за идните Xbox конзоли некако се појави во продажба порано, па Twitter корисникот Zakk_exe успеа да „грабне“ еден и да го испослика пакувањето, а на истото стои натпис дека контролерот е наменет за Xbox Sеries X, но и за ненајавениот Xbox Series S. The Verge во меѓувреме ја потврди автентичноста на фотографијата на овој контролер.

Microsoft се уште ни официјално не потврдил дека Xbox Sеries S постои, а не пак да објави било какви детали за истиот. Сепак, шпекулациите траат веќе некое време и истите сугерираат дека станува збор за поевтина и послаба алтернатива за влегување во next-gen водите. Ова ќе претставува конзола за оние кои не сакаат да платат повисока цена за Xbox Sеries X и сите негови 4К способности, но сакаат да имаат можност да играат next-gen наслови.

Според некои шпекулации, Xbоx Sеries S ќе има 7,5 гигабајти RAM, околу 4 терафлопс GPU моќност и ист централен процесор како Xbоx Series X. The Verge вели и дека Microsoft би требало официјално да ја претстави оваа нова конзола подоцна во текот на месецов.