Потврдени PS Plus бесплатните игри за јуни

PS plus јуни

Она што беше најавено пред два дена со информациите кои ги објави шпанскиот портал Area Jugones, сега е и официјално потврдено од страна на Sony, па познати се PS Plus игрите кои ќе се делат бесплатно во јуни.

На крајот шпекулациите се покажаа како точни, на PS Plus претплатата од следниот месец ќе се делат насловите Star Wars Squadrons, Operation Tango и Virtua Fighter 5: Ultimate Showdown, сите игри ќе бидат достапни за преземање почнувајќи од 1 јуни. Разликата е во тоа што Star Wars ќе биде во понудата до 5 јули, исто како и Operation Tango, додека Virtua Fighter 5: Ultimate Showdown ќе може да се симнува се до 8 август.

Многумина беа скептици кога шпанскиот портал Area Jugones предвреме ги објави бесплатните игри, пред се кога станува збор за Virtua Fighter 5: Ultimate Showdown, но играта беше официјално најавена во текот на вчерашниот ден, по што стана јасно дека се отстранети сите пречки за истата да пристигне во PS Plus претплатата.

Од друга страна Operation Tango се чини како сосема логичен избор за PlayStation Plus подарок бидејќи станува збор за нова игра која пристигнува веќе на 1 јуни и станува збор за игра која Sony ја промовираше на PlayStation блогот. Star Wars Squadrons, пак, е втората игра во низа која EA ја доделува преку PS Plus.