Познат датумот на излегување на новиот LoL шампион – Samira

Samira

Викендов добивме трејлер и увид во тоа како ќе изгледа најновиот шампион во League of Legends, Samira, за денес да го откриеме датумот кога ќе пристигне во играта. Нема да чекаме долго, бидејќи тој пристигнува на серверите за нешто повеќе од две недели.

Подолу можете да видите тест на магиите на Samira.

Самира е уникатен шампион, кој ќе има комплетно нова механика и сите играчи ќе можат да ја испробаат кога пачот 10.19 ќе излезе на 16 септември. Да потсетам, последниот херој во LoL, Yone, пристигна на 6 август, што значи дека ова ќе биде трет херој во последните 3 месеци.

Многумина очекуваат дека Samira ќе биде новиот АДЦ шампион, но засега сè уште не е сигурно, бидејќи тие можат да играат мид, како и топ лејн. Нејзиниот арсенал се чини дека може да се снајде на повеќе лејнови, сега единствено прашање е да се види како Riot ќе го избалансира се ова.