Предизвик за Sony, Dbrand ќе го персонализира PlayStation 5

Dbrand

Канадската компанија Dbrand, производител на куќишта и скинови за популарни брендови на телефони како iPhone, Samsung и Google Pixel, наводно е решена да ги преземе правата од Sony за производство на обложните плочи на PlayStation 5.

Најинтересно е што Sony веќе издаде наредби за прекин и откажување на други компании кои се обидоа да понудат свои решенија за custom-изација и персонализација на конзолите, но се чини дека Dbrand е реално уверен дека може да ја заврши работата. Тие одлучија на Reddit да ги објават своите планови за производство на новиот производ, со што всушност свесно ја навлекуваат опцијата да добијат тужба од Sony, што можеби и не е баш најпаметен потег на светот.

Како и да е, компанијата очекува да започне со масовно производство на обложните плочи за PS5, кои патем ќе бидат достапни само во црна боја, до крајот на годината. Можеби и не е некој избор кога станува збор за бојата, но оние кои сакаат да ја сменат белата боја на својот PS5, ќе имаат екстра замена, бидејќи црн PlayStation 5 е нешто што сите би го посакале.

Засега нема никакви информации за цената, иако Dbrand генерално важи за компанија која има една позиција во која нуди квалитетни производи за соодветни цени.

Како ќе реагира Sony на сето ова, не е толку тешко да се претпостави, па очекуваме и Dbrand да се соочи со забрана. Дали Sony е подготвен да ја однесе целата работа на едно повисоко ниво, зависи од многу фактори, како што се трговските марки, авторските права и патентите кои можат да бидат поврдени од third-party производство на обложните плочи. Она што може да се очекува е дека Dbrand ќе направи една работа, во согласност со нивната политика, а тоа е дека нема да има никакви логоа на PlayStation на нивните плочи.