Претставен Steam Deck, моќниот преносен PC на Valve

Steam Deck

Компанијата Valve го претстави својот преносен уред за играње на PC игри наречен Steam Deck кој би требало да претставува своевидна конкуренција на Nintendo Switch, а во продажба ќе се најде кон крајот на 2021 година.

Сопствениците на платформата Steam влегуваат на пазарот на преносни конзола, поточно преносни компјутери за гејминг, а не станува збор за лаптопи. Steam Deck е прилично моќен уред за играње на PC игри кој всушност ќе се бори со конзолите бидејќи е во тој ценовен ранг, односно ќе чини од 419 до 679 евра.

Steam Deck се базира на AMD APU Zen 2 архитекура со четири јадра и RDNA 2 графика со сила до 1,6 терафлопи. Има 16 GB LPDDR5 работна меморија и три различни опции за „нахранување“ на податоците.

Спецификации

Екранот на преносниот PC е 7-инчен LCD на допир со резолуција 1280х800, со светлина од 400 нитс и фрекфенција од 60 Hz. Батеријата на Steam Deck е декларирана на 2 до 8 часа гејмплеј, што зависи од играта и од фрејмрејтот (кој може да се ограничи на 30fps за да се заштеди на потрошувачката.

Уредот поддржува Bluetootn 5.0, dual-bad Wi-Fi, меморијата може да му се прошири со microSD картички, а тука е и можноста за поврзување на ТВ или монитор. Има вграден микрофон, стерео звучници и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки.

Кога станува збор за контролите, има се што има и еден стандарден контролер, со додаток на два trackpads од секоја страна под аналогните палки, како и четири задни копчиња. Ако контролерите не ви одговараат, на Steam Deck ќе може да се спои маус и тастатура.

Уредот користи оперативен систем SteamOS, поточно неговата нова верзија. Овој состав е базиран на Linux и тоа досега ќе беше проблем бидејќи повеќето игри на Steam не поддржуваат Linux. За среќа, во новата верзија на SteamOS е вграден Proton, слој на компатибилност кој овозможува лансирање на игри за Windows системите. Колку е сето тоа ефикасно допрва треба да се види.

Резервациите за Steam Deck се почнати веќе од денес (16 јули), а испораките на самиот уред би требало да започнат во декември годинава. Како што рековме на почетокот, цената е доста разумна, а за почетната од 419 евра добивате модел со 64 GB меморија и патна торбичка. За 549 евра имате модел со 256 GB NVM SSD, а за 679 евра моделот со 512 GB и премиум заштита за екран.