Претставена FIFA 22, пристигнува со целосно нова технологија

FIFA бесплатна

EA Sports за годинешното издание на својата исклучително успешна спортска франшиза FIFA, користи нова технологија која ја нарекува Hypermotion, со цел да достават никогаш пореални анимации за движење на фудбалерите.

Прикажан е и првиот трејлер за FIFA 22, но како по обичај, не е објавено речиси ништо. Сепак, вестите делуваат дека се интересни, барем од техничка страна. Главниот новитет во играта ќе биде таканаречениот Hypermotion Technology. Станува збор за нов состав на анимирање на движењето на фудбалерите во играта кој ќе биде користен по првпат во историјата на играта.

Досега анимациите за играта се снимаа индивидуално – неколку фудбалери ќе дојдеа во студиото, ќе ги снимеа своите потези и тоа би било тоа. Сега сепак EA Sports организираше снимање на 22 фудбалери во меч – ги повикаа партнерските клубови Реал Мадрид и ПСЖ кои одиграа меч зад затворени врати носејќи одела Xsens.

Xsens оделата се веќе користени за анимирање на игри, како што е Hellblade и VR насловот Creed: Rise to Glory, но ова е првпат да се користат на вака голем проект како FIFA. Накратко, EA Sports од приватниот натпревар собра 8,7 милиони фрејмови и потоа тие податоци ги нахрани со сопствени алгоритми за машинско учење кој потоа ги претвора истите во нови анимации во реално време. Конкретно, FIFA 22 би требало да има повеќе од 4.000 нови анимации за движење на фудбалерите.

Подобра интелигенција на соиграчите

Од останатите новитети се споменува подобрата интелигенција на соиграчите кои се свесни за својата околина. Од EA Sports велат дека новите конзоли им овозможиле виртуелните фудбалери да имаат до шестпати повеќе одлуки кои самостојно можат да ги носат. Во дефанзивниот гејмплеј вештачката интелигенција би требало особено да пази да делува како тактичка единица, односно да го задржува обликот на формацијата која ја играат.

Сето тоа ќе важи само за FIFA 22 на PS5, Xbox Series X/S и Google Stadia. За жал, со ова е потврдено дека PC играчите ќе добијат инфериорна верзија на играта, исто како и сопствениците на PS4 и XBO конзолите кои нема да добијат подобрувања во новите анимации.

Стандардното издание на FIFA 22 излегува од 1 октомври 2021, додека Ultimate изданието носи ран пристап на играта од 27 септември годинава.