Претставена втората сезона од CoD: Black Ops Cold War и CoD: Warzone

CoD: Warzone

Продолжуваат огромните апдејти за двете актуелни Call of Duty игри. Activision претстави голем број иновации и содржина за идната сезона од Call of Duty: Black Ops Cold War и CoD: Warzone кои пристигнуваат на 25 февруари, а фановите дефинитивно имаат на што да се радуваат.

Најголемата новост е „зомби модот“ за Black Ops Cold War, кој воедно е и „идното поглавје од Dark Aether приказната кое ги води Requiem агентите длабоко во срцето на Русија каде ќе се соочат со најголемиот предизвик досега“. Ова искуство, според официјалниот опис, ќе се случува внатре во големи игриви простори распространи по Урал, полни со нови непријатели, нови награди и нови мисии.

Покрај „зомби модот“, најавени се и голем број апгрејди, модификации на муницијата, како и нови Skill Tiers. Multiplayer-от добива враќање на Gun Game модот, како и мулти-тимскиот Hardpoint. Исто така, пристигнуваат и четири нови мапи, а тоа се Apocalypse, Golova, Mansion и Miami Strike и 4 нови оператори.

Секако, пристигнуваат и нови оружја, кои ќе бидат достапни или преку Battle Pass или ќе бидат преку сезоната пуштена во игра. Во играта пристигнуваат и нови возила, додека Warzone добива дополнителни нови модови. Подетални и поструктуирани информации можете да видите ТУКА.

Најдоброто од се е што поголемиот дел од оваа нова содржина е бесплатна и пристигнува на 23 февруари. За загревање, овој викенд во игрите можете да добиете и двоен XP.