Претставени неколку новини во FM 2021, можете да фрлате и шишиња

FM 2021

Главен новитет во новиот Football Manager (FM 2021) ќе бидат гестовите, па така што ќе можете да бидете мошне експресивен менаџер, доколку сакате.

Одлична вест за големите фанови на играта – во Football Manager 2021 ќе можеме да бидеме лути менаџери ако сакаме. Или менаџер кој се покажува со прстот, или пак таков кој никогаш не ги вади рацете од џебовите. Имено, главната новост на новиот Manager ќе бидат гестикулациите. Во секој вид комуникација – со играчите, сопствениците на клубот, новинарите – ќе можеме да гестикулираме различни работи. На пример, да ги креваме рацете во воздух Диего Симеоне, или во лутина да фрламе шишиња низ соблекувалната како Сер Алекс Фергусон.

Секако, сето тоа ќе се одвива низ текстуалната рамка, како што обично се случува во менаџер. И ќе има значително влијание на тоа како околината ве перцепира како менаџер, а со самото тоа и на тоа како ве гледа вашата екипа.

Интерфејсот во FM 2021 при следењето на мечот повторно ќе се менува – како што може да се види и на фотографијата во прилог, и тоа на подобро. Во долниот дел од екранот веднаш така ќе го видиме деталниот приказ на тимот. Помошниците ќе даваат поконкретни совети како да се решат одредени проблеми, односно повеќе нема да бидат преочигледни. Во случај да не освоите некој трофеј, прославата ќе биде подетална и целиот успех ќе се слави поинтензивно од претходно.

Корисна новина ќе биде и воведувањето на xG (Expected Goals) технологија. Со помош на аналитичката компанија SciSports Sports Interactive воведува детална анализа за ударите кон голот. Повеќе за истата може да дознаете во видеото кое е вметнато во текстов.