PlayStation Plus претстави нови бесплатни игри за јули

PlayStation Plus

Сони ги објави бесплатните игри за претплатниците на PlayStation Plus кои можат да очекуваат со нетрпение во јули 2020 година. Иако, сите знаеме дека бесплатните PlayStation Plus игри обично доаѓаат во парови, овој месец тоа е различно и заради десетгодишнината  на Sony тие додадоа и трета бесплатна игра. Доколку ги следевте вестите, или дури и ако го вклучивте својот Плејстејшн денес, ќе знаете дека NBA 2k20 e објавена како една од насловите во јули, и ќе биде достапна за преземање од 7-ми јули. Erika и Rise of the Tomb Raider се останатите два наслови кои што Sony ги додаде во пакетот на бесплатни игри за месец јули.

Rise of the Tomb Raider review: Single-player perfection - Pock

Erica | Launch Trailer | PS4 - YouTube

Тоа се три одлични игри за прославување на десетгодишнината на платформата „Беше незаборавно патување низ годините, зближувајќи ги гејмерите и обезбедивме пристап до привлечни содржини и ексклузивни попусти за нашите членови. најавата за игри е збогатена со додавање на бонус игра во нашата неверојатна постава “, рече Sony. Овие наслови ќе бидат достапни за преземање од 7-ми јули до 3-ти август.