Пристига Dota 2 документарец на Netflix

Dota 2

Документарецот наречен „Free to play“, е објавен во 2014 година и ни покажува како изгледал првиот еспорт турнир со милионски парични фонд, ќе биде достапен на Netflix од овој понеделник, потврди компанијата вчера на својата веб-страница. мрежи.

По огромниот интерес за Dota 2 аниме серијата, чија премиера беше на 25 март, Netflix забележа дека има голем број на луѓе заинтересирани за оваа видео игра. Затоа, во договор со Valve, тие ја искористија можноста да донесат еден од најпознатите спортски документарци „Free-To-Play“, на нивната платформа, што може да се гледа и преку Youtube.

Овој документарец следи тројца професионалци кои ги ризикуваа своите кариери да се натпреваруваат на професионалната сцена во еспортот, што во тоа време се чинеше како целосно неверојатен потег. Неколку години подоцна, еспортот стана многу поголем, а истиот тој турнир денес има дури 30 пати поголем награден фонд. Овој филм охрабри голем број млади луѓе да се натпреваруваат, а досега го гледале над 6 милиони луѓе само преку Youtube.

Иако ова е документарец стар нешто повеќе од 7 години, сигурни сме дека ќе привлече големо внимание штом пристигне на Netflix. Не само што старите играчи ќе сакаат да се потсетуваат на своите идоли и нивните почетоци, туку и голем број луѓе кои не се запознаени со игри, исто така, ќе имаат можност да погледнат во светот на еспортот и да видат како изгледало сето тоа на почетокот.