Пристигна нов трејлер за Outbreak модот од CoD: Black Ops Cold War

Outbreak

Call of Duty: Black Ops Cold War Season 2 апдејтот пристигнува оваа недела, а еден од највозбудливите додатоци ќе биде Outbreak модот со зомбињата. Поради таа причина, објавен е нов трејлер за модот, како и деталите за тоа што можеме да очекуваме.

Со оглед на тоа дека зомбињата се наближуваат, благодарение на тоа што Call of Duty: Black Ops Cold War со себе го носи Outbreak модот, фановите, по повод излегувањето на 25 февруари, добија можност да уживаат во еден нов трејлер, со што „хајпот“ се зголемува уште повеќе.

Играњето на Outbreak овозможува четворица играчи да го истражат подрачјето и да извршат разни задачи при што ги очекува многу акција. Втора работа што играчите веројатно ја забележаа е колку експанзивна е всушност мапата за Outbreak модот. Новата мапа е поставена ширум повеќе региони на планината Урал во Русија. Со оглед на тоа, играчите ќе мораат да се движат низ оваа џиновска мапа во open-world стил, а притоа да ги преживеат хордите зомбиња кои доаѓаат по нив.

Исто така, може да се забележи дека најголемиот дел од мапата е лоциран во густа шума, но има и некои други делови како што е ски-ресорт и мало гратче. Се чини дека ќе бидат претставени и нови оружја, а на самиот почеток од трејлерот се појавува и застрашувачки змеј, чија улога засега е непозната.

Првата недела од излегувањето, овој мод ќе биде бесплатен за сите оние кои ќе сакаат да го играат, а потоа тоа искуство ќе биде резервирано исклучиво за сопствениците на играта.