Пристигнува нов Nintendo Switch модел со 4K и OLED екран

Nintendo Switch

Bloomberg пренесува дека Nintendo има за цел да најави нова Switch конзола подоцна во текот на оваа година. Новата едиција ќе се одликува со 7-инчен, 720p OLED екран, а кога ќе се спои со ТВ, тогаш ќе поддржува и 4К ултра HD резолуција.

Со цел да имате претстава за што станува збор, актуелните Switch модели се нешто помали, со 6,2-инчен екран, додека Lite моделот е со 5,5-инчен екран. Покрај сето ова, 4К резолуцијата за телевизорите ќе биде огромен чекор напред кој ќе го смести Switch на исто ниво како и останатите next-gen конзоли.

Bloomberg од свои извори дознава дека целта е да се зголеми побарувачката за Switch за време на празничната сезона во Северна Америка, што со пандемијата предизвикува бум на наслови како Animal Crossing и Mario Kart. Switch исто така ја прослави својата четврта годишнина, така што секако се очекува и одредено унапредување.

Со оглед на најавите дека конзолата ќе поддржува 4К резолуција кога ќе биде споена со ТВ, Nintendo исто така планира и да ја зголеми моќта на хардверот, со цел да може соодветно да ја поддржи 4К резолуцијата, бидејќи често се случува и со актуеланта резолуција од 720p некои игри да не бидат во состојба да се изведуваат во таа резолуција, што пак од друга страна обезбедува и поголемо траење на батеријата.

Голем проблем за девелоперите на игри

Напредокот од 720p на 4К е огромен скок, а девелоперите веќе и онака имаат проблеми да направат игрите да бидат прилагодливи и за рачната и за фиксната верзија. Со зголемувањето на резолуцијата, може да се дојде до проблеми со портовите, а голем број девелопери одлучуваат воопшто да не лансираат некои игри на Switch.

Но, и покрај проблемите кои девелоперите ги имаат, овој договор би можел да биде од корист и за Samsung и за Nintendo, со оглед на тоа дека цените на овие OLED панели се опаднати, а Nintendo би можел да добие нов партнер во технолошката индустрија по успешната соработка со Nvidia. Можеби, со користењето на комбинација од новите технологии на Nvidia и Samsung, сонот за Nintendo Switch Pro би можел да стане реалност.