Проблеми за Sony, се соочуваат со тужба поради дефектот на DualSense контролерите

PlayStation

Иако првично PlayStation 5 контролерите се чинеа како вистинско технолошко ремек-дело, се чини дека DualSense си има свои маани, а тоа може да му направи сериозни проблеми на Sony.

Според информациите кои кружат во последно време, PS5 конзолата наводно има проблеми DualSense контролерите кои со игрите управуваат сами од себе, па во САД веќе е подигната колективна тужба против Sony.

Chimicles Schwartz Kriner & Donaldson-Smith (CSK&D), американска правна фирма, поднесе тужба против Sony поради наводното „дрифтање“ на DualSense контролерот. Фирмата, која исто така ја води тужбата против Nintendo за проблемите со Joy-Con, побара од купувачите кои се соочиле со проблеми да ги контактираат со цел да направат посилен случај.

DualSense

Модерните контролери во последно време се почесто бележат проблеми со таканаречениот „дрифтинг“. Станува збор за проблем каде контролерите регистрираат движења на аналогните палки без играчот воопшто да ги контролира. Проблемот се јавува кај Xbox контролерите, најчесто е присутен токму кај Joy-Con на Nintendo Switch, а се чини дека ниту DualSense не е имун на овие проблеми.

Фирмата Chimicles Schwartz Kriner & Donaldson-Smith (CSK&D) ја подигна тужбата во име на оштетениот Лемарк Тарнер и „други корисници кои се нашле во слична ситација“. Во тужбата се наведува дека проблемот со дрифтањето кај DualSense контролерите ја загрозува нивната темелна функционалност и дека Sony никаде не ги известува купувачите за потенцијален проблем, иако се свесни за тоа.

Xbox DualSense

Треба да се напомене дека поправањето на DualSense контролерите во случај на дрифтање е покриен со гаранција која се добива при купување на конзолата. Меѓутоа, во САД, каде што тужбата е подигната, корисникот сам ги сноси трошоците со испраќањето на контролерот на сервис.