И покрај недостатокот, продажбата на PS5 и Series X e иста како и претходните конзоли

PS5 Series X

Бројките се познати, а тие велат дека продажбата на PS5 и Xbox Series X се речиси идентични со оние на претходните конзоли. И покрај тоа што владее некое чувство дека е невозможно да се купат, и PlayStation и Xbox се пофалија дека бележат рекордни продажби на своите нови конзоли. Ampere Analysis се впушти во истражување и откри дека баш и не е така. Барем така велат податоците на продажба за PS5 и за заедничката продажба на Series X и Series S.

Според статистиките на Ampere, кои можете да ги видите во прилог, PlayStation успеал да продаде подеднаков број на PS5 и PS4 во истиот период од нивниот животен циклус, а тоа изнесува 4,2 милиони единици. Кога станува збор за Xbox, продажбата на Series X/S е малку под онаа на Xbox One за истиот период кога беше лансирана претходната конзола на Microsoft. Сепак, разликата е многу мала, па може да се смета исто така за израмнето.

Овие бројки можеби нема да им се допаднат на двете компании, особено на Xbox. Не само поради тоа што е се уште значително зад PlayStation во новата генерација, туку се чини дека воопшто не направи напредок и покрај големите напори. Не само што пушти две конзоли на лансирањето, туку Series X/S пристигна на три пати повеќе пазари при лансирањето отколку Xbox One.

Оправдувањето за двете конзоли, секако, е недостатокот на испорака кога станува збор за побарувачката. Всушност, навистина е импресивно што PlayStation и Xbox успеаја да ги достигнат бројките на претходната генерација конзоли и покрај ултра тешките околности. Со оглед на глобалниот недостаток на клучни делови за конзолите, како и „тапкарошите“ кои направија „пепел“, PS5 и Series X конзолите се чини дека се многу потешки за наоѓање отколку PS4 и Xbox One.