
Претплатничкиот сервис на Xbox Game Pass доаѓа со голем број спортски игри, пред се за конзолите Xbox, додека за PC ќе се нуди Football Manager.
Спортските игри редовно се меѓу најпродаваните наслови на конзолите, но не во текот на целата година. Веќе видовме тренд каде ваквите игри се поврзани со претплатнички услуги, и никаде тој тренд не е поочигледен отколку во случајот со пролетната понуда на Xbox Game Pass.
Како што можете да видите на сликата погоре, Spring on the Game Pass ги носи сериите NBA 2K, NHL, Madden NFL и Football Manager, заедно со малку залутаните Star Wars: Squadrons. Во најголем дел, понудата важи за конзолите Xbox, додека играчите на компјутер го добиваат Football Manager 2021.
Madden NFL 21, Football Manager 2021, NBA 2K21 веќе се достапни за превземање. Што се однесува до неспортската игра, тоа е верзија од последна генерација за конзолата Xbox One – не скапата од 80 евра. Star Wars: Squadrons ќе биде достапна во текот на месецов, а NHL 21 од четвртиот месец.