„Протече“ ново инфо за Call of Duty 2020 multiplayer и Warzone

Call of Duty 2020

Огромна информациона бомба пукна за Call of Duty 2020, која се претпоставува дека ќе се вика “Black Ops”. Истакнатиот јутјубер XclusiveAce вчера објави видео кое „ликна“ многу детали. Но, ова видео беше симнато веднаш од страна на Activision, најверојатно бидејќи информациите во видеото беа точни. Додека видеото го нема на нет, илјадници луѓе го изгледаа цело. Денес, ќе ѕирнеме што точно XclusiveAce кажа за Call of Duty 2020 multiplayer и батл-ројалот Warzone.

Нови детали за Call of Duty 2020

XclusiveAce од секогаш бил доверлив извор кога се зборува за Call of Duty. Дали е тоа за анализа на оружја или ексклузивни видеа за наредни DLC, овој јутјубер најчесто бил на „добрата страна“ на Activision.

Сепак, ова веќе може да не е вистина откако Ace доби инфо за официјалното име на овогодишната Call of Duty 2020. Според него, анонимен „leaker“ го исконтактирал и споделил информации за очекуваната мулти-плејер игра и за идниот Warzone контент.

Leaked artwork for the 2020 title

Иако не можеме со сигурност да ги потврдиме следниве детали, со брзата реакција на Activision за симнување на видеото силно веруваме дека се точни. Еве ја целата листа на карактеристики кои беа прикажани на „ликнатото“ видео:

 

  • Моменталниот „codename“ за насловот на 2020: “Zeus”
  • Датум на издавање – Октомври 2020
  • Приказната е за време на Студената војна
  • Мулти-плејерот е скоро целосно готов, Кампањата е готова освен анимациите
  • Традиционалната мини-мапа ќе се врати
  • Нема тактички спринт, туку неограничен
  • Нема leaning/mounting
  • Лулачките врати  од Modern Warfare ги нема во мулти-плејерот
  • Пливачка механика во мулти-плејерот
  • 150 Health, а не 100 (Auto-heal)
  • Scorestreaks, а не killstreaks
  • 6v6 мулти-плејер
  • Create-A-Class хибрид помеѓу Pick-10 и standard, нема Gunsmith

Ова се еден тон информации и било која од нив може да е неточна. Сепак, разумно е да претпоставиме дека барем неколку од овие карактеристики ќе бидат во мулти-плејерот. Овој „leak“ не кажа нипто за компетитив моде или  skill-based matchmaking, што сите не загрижува.

Warzone во 2020

Image via Activision

Заедно со деталите за мулти-плејерот, XclusiveAce  исто изјави информации за тоа што може да очекуваме и од Warzone во 2020. Имено, батл-ројалот е поврзан со Call of Duty, а не само со Modern Warfare и ќе добие апдејти на датум на издавање на 2020. Еве неколку „leaks“ што произлегоа од видеото на XclusiveAce.

 

  • Нова мапа со нови локации
  • Мапата ќе има езеро, со нови пливачки механики
  • Мапата е некаде во Русија, со следниве локации: Chemical Labs, Lake, Snow area, Swamps, Radar Stations, Battery, Mines

За сега, ова се сите информации кои ги имаме за all of Duty 2020 и Warzone. Доколку изворот на XclusiveAce е точен, тогаш фановите имаат многу причина со нестрпливост да ја чекаат играта. Сега ни преостанува само да чекаме датум на издавање.