„Протекоа“ деталите за World of Warcraft: Burning Crusade Classic

Burning Crusade

На еден ден пред почетокот на BlizzConline, деталите за World of Warcraft: The Burning Crusade Classic протекоа на Twitter. Оваа информација, која беше пласирана од страна на WOWHead, е добиена од прес-китот за BlizzConline.

„Патувајте уште еднаш низ Dark Portal во World of Warcraft: Burning Crusade Classic! Оригинално лансиран во јануари 2007 година, Burning Crusade ги повика хероите на Azeroth во распаднатото кралство на Outland со цел да ја запре инвазијата на демонскиот Burning Legion“, стои во прес соопштението.

„Во 2021, рекреацијата на Blizzard Entertainment на World of Warcraft експанзијата ќе им овозможи на играчите ширум светот да се вратат во Outland како некогаш со цел повторно да ја доживеат ерата на безвременска авантура – или да искусат што ги очекува зад Dark Portal за прв пат“.

Според „ликот“, Burning Crusade Classic ќе работи како што оригиналниот WoW Classic направи за Eastern Kingdoms и Kalimdor. Играта ќе биде лансирана како и оригиналната експанзија и ќе добие редовни контент пачови заедно со Burning Crusaded пач контентот, вклучително и Black Temple Raid, Zul’Aman и Sunwell. Во соопштението исто така се открива дека играчите ќе можат да ја изберат ерата во која сакаат да играат и потврдува дека играта ќе биде бесплатна за играчите кои имаат активна WoW претплата.