„Протекоа“ гејмпллеј снимки од новата The Division: Heartland

Heartland

За оние кои не знаат, Ubisoft неодамна го најави новиот „спин-оф“ на Division, наречен The Division: Heartland кој ќе биде free-to-play наслов. Се уште не е познат датумот на излегување, но затоа имаме некои гејплеј снимки од затвореното алфа тестирање, а во едно од нив водечкиот гејм дизајнер Тејлор Еперли ја објаснува самата игра.

Голем број гејмплеј снимки од неодамна најавената The Division: Heartland се појавија онлајн. Бета тестерите се под договор дека не смеат да објавуваат детали, а Ubisoft со сите сили се бори да го спречи ширењето на видеата. Оригиналната снимка која се појави на Vimeo е отстранета. Но, Ubisoft си има проблем со целиот интернет, па видеата се шират како зараза.

„Протечената“ снимка, која во меѓувреме е отстранета, е со лоша резолуција и е направена од играч кој во најголем дел истражува и ги испробува контролите, па затоа и не е нешто специјално, но и не е нешто што Ubisoft сака да го прикаже пред гејмерите.

Но, според еден друг исечок, споделен од страна на Twitter корисникот SkyLeaks, играта е сместена во град кој се нарекува Silver Creek, кој ја прави очигледната разлика меѓу Heartland и останатите Division игри. Играта ќе понуди два мода – прилично класичниот PvE мод наречен Expedition, но и PvEvP мод за 45 играчи наречен Storm. Иако играта е free-to-play, сосема очекувано ќе биде исполнета со „батл пасови“ и микротрансакции.

Треба да се истакне дека Ubisoft инаку и нема многу среќа кога станува збор за затворените тестирања. Кога Rainbow Six: Quarantine минуваше низ сличниот период на тестирање, неговите исечоци протекоа на интернет и им покажаа на играчите како изгледа самата игра.