Прв гејмплеј приказ за PS ексклузивата Horizon Forbidden West

Forbidden West

Guerilla Games го објави премиерното гејмплеј видео за престојната акциска авантура Horizon Forbidden West.

На синоќешниот State of Play настан конечно на дело успеавме да ја видиме новата PlayStation ексклузива наречена Horizon Forbidden West. Во видеото кое трае 14 минути е прикажана PlayStation 5 верзијата во полна 4К резолуција и ги откри новитетите во самата игра.

Инаку, приказната во Horizon Forbidden West ќе продолжи шест месеци по настаните во Zero Dawn. Aloy ќе ја истражува територијата на поранешен Сан Франциско заедно со неколкумина ликови од првиот дел, вклучително и Erend. Во делот кој е прикажан, Aloy и Erend се соочуваат со непријателското племе Tenakth, кое има развиено технологија за манипулација со роботски животни.

Освен ова, Aloy пристигнува со неколку промени, па така сега ќе може да нурка ез ограничување, да се закачува со кука за објекти и да користи Shieldwing како падобран при пад од голема висина. Нејзиниот Focus сега е надограден, па во околината покажува каде се може да се искачи. Во играта има и ред други новости и кога станува збор за оружјата и металнте животни, а тоа можете да го забележите и во самото видео.

Она што и понатаму останува непознато засега е датумот на излегување на играта. Од Guerilla Games велат дека се уште не го одредиле точниот датум, но истакнуваат дека развојот на Horizon Forbidden West тече според планираното.